Симболите значат. Компаниите трошат многу пари за да развијат уникатни логоа кои ќе бидат симболот на нивното дејствување и мисија. Идејата е да се поврзе таа мисија со визуелен симбол, па секој пат кога потрошувачот ќе ја види ознаката да може да ја поврзе со производот.
Може ли секој симбол да влијае на личната креативност? Тоа е она што истражувачите се обидувале да го дознаат кога на речиси 300 студенти им покажувале логоа на „Apple“ и „IBM“.Првата компанија сакала нивното лого да поттикнува креативност, додека втората сакала нивното лого да симболизира одговорност и интегритет. Студентите потоа биле тестирани, односно била испитувана нивната креативност.
Тестирањето било во насока на покажување секојдневни предмети, па потоа да се креираат низа апликации врз основа на покажаното. Студентите кои биле изложени на логото на „Apple“ имале подобри резултати, со што се докажало дека компанијата навистина успеала во намерата преку својот симбол да поттикне креативност.
Креативноста е поврзана со начинот на гледање на нештата, но дали нашата вистинска визуелна перцепција влијае на креативниот наплив и резултатите? Ова го
истражувале Австралијански научници кои тестирале 134 студенти на универзитетот во Мелбурн. Истражувачите особено биле насочени кон отвореноста, како и ангажираноста за секојдневни креативни потфати. На студентите им биле покажани зелена и црвена форма и тоа покажани на двете очи истовремено кај учесниците. Кај некои случаи се случило „потиснување на ривалството“, односно двете слики изгледало како да формираат една заедничка слика. Заклучокот е дека колку е една индивидуа поотворена, толку повеќе гледа, односно согледува. По се изгледа дека нашите очи имаат многу поголемо влијание на нашиот ум отколку што сме верувале.
Експертите исто така предупредуваат дека поминувањето многу време пред екраните може да ја ограничи нашата перцепција на светот, па тоа предизвикува нашиот мозок да се менува. Не можете да го изолирате вашиот ментален процес од средината. Па така, по логика, средината влијае на вашите мисли.
Креативноста е само еден пример за тоа како ја процесираме стимулацијата, но докажува дека е важна и за преживување и за задоволство. Па, ако сакате да бидете покреативни, треба да ги отворите очите, велат експертите.