Во однос на претходната година, бројот на стогодишници во Јапонија порасна за 3 отсто и изнесува рекордни 69.785 отсто, од што 90 отсто се
жени.
Според податоците од министерството за здравство, работа и социјална заштита, зголемувањето се евидентира 48 години по ред. Информацијата беше објавена три дена пред одбележувањето на државниот празник, Денот на почит кон постарите луѓе.
Во 1963 година, во Јапонија живееле само 153 стогодишници. Бројот пораснал на 1.000 во 1981 година, во 1998 година на 10.000 , во 2012 на 50.000 луѓе кои наполнале 100 години.
Фото: Shutterstock
Во Јапонија живее најстара личност во светот, Кане Танака, која наполни 115 години. Родена е во југозападниот град Фукуока на 2 јануари 1093 година кога браќата Рајт, пионери во воздухопловството и американски градители на авиони полетале со својот авион.
Во април, во Гинисовата книга на рекорди, како најстар маж на светот го запишала Масазо Нонака, 113 години, кој живее во Хокаидо.
Јапонија се соочува со сѐ поголемо демографско оптеретување бидејќи со децении животниот век на населението се продолжува, а наталитетот опаѓа.
Според податоците од Државниот институт за
истражување на растот на населението и безбедноста, населението постаро од 65 години во 2060 година ќе биде 38.1 отсто од вкупното население, во однос на податоците од 2015 година, кога процентот изнесувал 26.6.