Новиот оперативен систем од „Apple“, „iOS9“ веќе предизвикува проблеми. Имено, постои начин да се стигне до фотографиите и контактите во телефонот дури и доколку истиот е заклучен.
Софтвер кој ја користи Сири им овозможува на луѓето да влезат во телефонот дури и кога се вклучени опциите за лозинка и сензорот за идентификација со допир.
Ова функционира на тој начин што хакерите внесуваат броеви на екранот сè додека телефонот не испрати предупредување дека ќе остане заклучен. Потоа, хакерот ѝ зборува на Сири да му помогне да ја отвори апликацијата за часовник, а со тоа добива пристап и до апликациите за контакти и фотографии.
Корисниците може да се заштитат на тој начин што ќе ја исклучат можноста за користење на Сири кога телефонот е заклучен. Друга
опција е користење подолга лозинка која содржи броеви и букви, наместо обичните лозинки со 4-6 броеви.