Во Македонија во петок ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито.
Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови во западните и североисточните предели, каде локално се очекуваат да наврнат до 10 литри на метар квадратен. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен југозападен ветер.
Утринските температури од 9 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16 односно до 25 степени.
Во Скопје во петок ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна до 23 степени.
Во сабота стабилизација на времето но и посвежо утро со температури од 6 до 15 степени. Иако во утринските часови во југоисточните предели ќе постојат услови за локални врнежи од дожд. Максималната температура до 18 односно до 27 степени.
Во недела и понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и пад на температурите. Во недела максималните температури ќе се движат од 16 до 25 степени, а во понеделник од 13 до 22 степени.
Во вторник умерено облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локални врнежи од дожд и дополнителен пад на температурите. Максималните ќе се движат во интервал од 11 до 20 степени.
Weather4all.com.mk