Една апликација за ајфон дозволува поглед на сигналите од wi-fi, комуникациски кули и сателити околу вас. Сите безжични уреди како мобилните телефони, таблетите и лаптопите испраќаат сигнали кои се насекаде околу нас, но се невидливи за човековото око.
Електромагнетната радијација е насекаде околу нас и се пренесува од милионите кули и рутери. Холандскиот уметник Ричард Виген посакал да им овозможи на луѓето да ги гледаат овие сигнали околу нив и ја направил апликацијата за уредите на „iOS“ наречена „Architecture of radio“.
Апликацијата ја користи локацијата на корисникот за да создаде визуелна слика од невидливиот дигитален свет во 360 степени. Користејќи бази на податоци од речиси 7 милиони комуникациски кули, 19 милиони рутери и стотици сателити, Виген ја направил апликацијата за да ја покаже мрежата од сигнали околу секого.
Целта на апликацијата е да се направи видлив светот кој за човековото око е невидлив, но постои, да се размисли за него и да се дискутира.
Апликацијата чини 3 долари и може да се преземе
ОВДЕ.