X
 16.08.2023 Наука

Русија ги објави првите фотографии од новата мисија до Месечината

Институтот за вселенски истражувања при Руската академија на науки ги објави првите фотографии направени од вселенската сонда „Луна-25“, која патува до Месечината.

Фотографиите доаѓаат околу една седмица откако Индија објави фотографии од површината на Месечината. Двете земји планираат да слетаат научни роботи на јужниот пол на Месечината во следните недели.


Фотографија од сондата: IKI RAN

Првите фотографии направени од руската сонда биле направени на оддалеченост од 310.000 километри од Земјата. Тие покажуваат дека сондата е во добра форма и работи според планот, изјавиле од рускиот Институт за вселенски истражувања.

„Луна-25“ треба да слета на Месечината околу 21 август. Поранешниот Советски Сојуз бил првата држава која слетала на Месечината со сондата „Луна-2“ во 1959 година. Новата мисија треба да трае околу една година и има цел да ги истражува радијацијата, природните извори и условите за идни мисии на Месечината.


Фотографија од Земјата направена од сондата: IKI RAN


Фотографија од Месечината направена од сондата: IKI RAN

Во меѓувреме, индиската сонда треба да слета на Месечината на 23 август.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: IKI RAN
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука