Шефовите во шведските фирми заклучиле дека нивните вработени се попродуктивни и посреќни доколку работат шест часа дневно. Две технолошки стартап-компании покажале дека нивото на енергија се зголемува значително доколку работното време се скрати за два часа.
Директорот на стартап-компанијата „Филиминдус“ од Стокхолм, г-ин Фелт, вели дека е тешко да се остане фокусиран на работа во период од полни 8 часа. Осумчасовниот работен ден не е толку ефикасен како што се смета. За да ги направат полесни, луѓето прават комбинации од задачи и одмори во текот на работните часови. Истовремено, потешко е да се организира приватниот живот надвор од работата.
Споменатата компанија премина на шестчасовно работно време и основачот вели дека промената им дава поголема сила на вработените. Тој има чувство дека вработените поинтензивно се фокусираат на работата која мора да ја извршат и им останува енергија кога го напуштаат работното место.
Технолошката стартап-компанија „Брат“ пред три години го скратила работното време и оттаму велат дека тоа е една од нивните предности која им помага во вработувањето и задржувањето на луѓето. Компанијата тврди дека се грижи за луѓето кои работат за неа. и скратеното работно време е добра причина тие да останат таму.
Работните часови ги намали и шведскиот јавен сектор. Медицинските сестри во старечките домови кои се во сопственост на државата започнале да работат 6 часа за истата плата.
Фелт, сопственикот на компанијата која го воведе шестчасовното работно време неодамна вели дека најдобрата реакција која не можел да ја предвиди е енергијата која се чувствува меѓу соработниците. Тие се среќни кога ја напуштаат канцеларијата и се среќни кога се враќаат следниот ден. Тие не се уморни и тоа им помага да работат подобро.