Без разлика дали сакате да вртите страници, да читате од таблет или да слушате аудио книга, добрата книга може да биде совршена помош за релаксација, тутор, извор на инспирација.
Во продолжение ви нудиме доста инспиративни книги кои се вредни за вашето внимание.
1. „The Checklist Manifesto“, Атул Гаванде
Брза и илустративна книга која покажува колку е моќна доборо дизајнираната и соодветно имплементираната чек листа со која се намалуваат грешките на било кое поле. Иако не сè во животот треба да биде водено од чек листи, сепак за некои работи може да ни овозможат добри резултати.
2. „The Four Agreements“, Мигел Руиз
Книгата е еден вид на практичен водич за лична слободна. Во книгата се имплементирани договорите - не озборувај, не ги сфаќај работите лично, не прави претпоставки и направи го најдобро што можеш со што на човек му помага да започне од рационална позиција и му дава можност да се обиде да го сфати проблемот со кој се соочува.
3. „The Only Game in Town: Central Banks, Instability, and Avoiding the Next Collapse“, Мохамед А.Ел-Ериан
Ако сакате да ја сфатите модерната глобална економија, тогаш треба да ја прочитате токму оваа книга. Ел-Ериан е неверојатно добар мислител и ги објаснува комплексните идеи на артикулиран начин кој е разбирлив за финансиските почетници.
4. „Тhe Varieties of Human Experience“, Вилијам Џејмс
Вилијам Џејмс, таткото на модерната психологија еднаш рекол: „Ако можете да го промените начинот на кој размислувате, тогаш можете да го промените вашиот живот“. Овој писател ќе ве натера да ги отворите очите и да не дозволувате да ве контролира моќта на минатото.
5. „Moonwalking With Einstein: The Art and Science of Remembering Everything“, Џошуа Фоер
Неверојатна истрага во светот на компетитивната меморизација која се претвора во длабоко истражување за капацитетот и ограниченоста на човечкиот ум.
6. „A Tale of Three King“, Џин Едвардс
Маестрално напишана книга која потенцира три лидерски стилови извлечени од животите на три кралеви споменати во Библијата: Саул, Давид и Абсалом.
7. „The Art of War“, Сун Цу
„Запознајте се себеси и ќе ги победите сите битки“, пишува во книгата. Одлична книга кога ви е потребно да се соочите со предизвикувачки моменти.
8. „The Hard Thing About Hard Things“, Бен Хоровиц
Водењето на една компанија е прилично тешко, а водењето на брзо растечка компанија е уште потешко. Оваа книга делува како еден вид терапевт и консултант, од некој кој бил таму и го направил тоа, до некој не знаел ништо во врска со бизнис компаниите.
9. „Sam Walton, Made in America: My Story“, Сем Валтон
Книга која ви ги нуди најдобрите информации за тоа што се случува со бизнисот.
10. „Setting the Table: The Transforming Power of Hospitality in Business“, Дени Мајер
Во оваа книга, Дени го споделува неговиот фокус на дарежливата гостопримливост која го подобрила неговиот бизнис со ресторани. Тој пишува дека потребно е да се обрни внимание на деталите и да се има висока почит кон клиентите.
11. „The Alchemist“, Пауло Коелјо
Книга која ве предизвикува да имате поголема визија и ве учи дека создавањето и потрагата е напорна работа која ќе ве одведе на навистина долго патување. Второ, ве учи дека мора да научите преку набљудување на природата.
12. „The Goal: A Process of Ongoing Improvement“, Елјаху Голдрат
Приказна за тоа како извршен директор се соочил со сериозни предизвици на работа и во неговиот личен живот. Одлична бизнис книга за лидерство.
13. „When I Stop Talking, You'll Know I'm Dead: Useful Stories from a Persuasive Man“, Џери Веинтрауб
Холивудскиот продуцент Џери Веинтрауб ги споделува најфасцинантните приказни и корисни совети за тоа како да го добиете она што сакате од животот. Книгата е базирана на децении искуство во производството на музика и филмови за Елвис, Синатра, Џорџ Клуни и многу други.
14. „Blue Ocean Strategy“, В.Чан Ким
Класична бизнис книга која ќе ве инспирира и научи како да се натпреварувате со преголема конкуренција во денешната модерна брзо менувачка природна средина.
15. „Тhe Widow Cliquot“, Тилар Џ.Мазео
За сите заинтересирани за вистински бизнис, оваа биографија доаѓа како совршена. Ја раскажува инспиративната приказна за борбата на вдовицата Вув Клико.
16. „Count of Monte Cristo“, Александар Дима
Најголемата инспирација во оваа книга е упорноста, планирањето и тврдата определба потребни за да се реализира нечија цел во соочувањето со многу потешкотии и проблеми.
17. „I Love You All the Time“, Џесика Елин Хирхман и Џенифер Елин Кол
Детска книга чија порака е бесценета и едноставна: сеќавајте се на оние кои ве сакале и поддржувале безусловно и во добро и во лошо.
18. „Тhe Five Dysfunctions of a Team: A Leadership Fable“, Патрик Ленсиони
Книга која раскажува за талентираната протагонистка Кетрин Пирсен која некако успева да влезе во Силициумската долина. Нејзината мисија: сите дисфункционални извршни директори да ги претвори во активни лидери.
19. „Тhe Power of Broke“, Дејмонд Џон
Ова е одлична книга за секој надежен претприемач со голема идеја и лимитирани ресурси.
20. „American Icon: Alan Mulally and the Fight to Save Ford Motor Company“, Брус Хофман
Книга која го менува фокусот на клиентот и ја препознава важноста на доставување квалитетни производи и услуги.
21. „Double Your Profits in 6 Months or Less“, Боб Фифер
Книга која ќе остави огромно влијание врз вас, и која покажува колку треба ефикасно и ефективно да се води еден бизнис.
22. „Crossing the Chasm“, Џофри Мур
Книгата се фокусира за тоа како треба да се премостат сите потешкотии на кои човек ќе наиде за време на транзицијата од еден пазар.
23. „The Wu-Tang Manual“, RZA
Постојат многу лекции кои можете да ги извлечете од оваа книга. Најважната е дека треба да ги следите вашите соништа, а не да бркате нечии.
24. „Designing for Growth: A Design Thinking Tool Kit for Managers“, Џоан Лиедтка и Тим Огилви
Книгата овозможува практичен пристап за тоа како компаниите можат да обезбедат иновација кај нивните вработени.
25. „Ten Types of Innovation“, Брајан Кин, Хелен Волтерс, Лери Кили и Рајан Пикел
Рамката е организирана во три категории: конфигурација, нудење и искуство. Авторите користат театарска метафора со цел да ја опишат фазата на конфигурација.