X
 08.10.2015 Технологија

Футуристичка зграда во центарот на Менхетен

Заха Хадид е една од најпознатите британски архитектки. Со потекло од Ирак, Хадид во 2004 година стана првата жена која ја освои архитектонската награда Прицкер.

 

зграда


Минатата година реализирала слично постигнување, кога нејзиниот дизајн на културниот центар Хејдар Алијев во Баку ја освои главната награда на Музејот за дизајн.

Нејзините објекти имаат препознатлив неофутуристички стил и се карактеризираат со крива и проширена структура. Со геометриските елементи кои се често присутни во нејзината работа, Хадид сака да го нагласи хаосот на модерниот живот.

 

2

3


Најновиот проект на кој се посвети и чијашто изградба наскоро ќе започне е станбената зграда во самиот центар на Менхетен. Зградата ќе се гради на локација на која има доста современи архитектонски решенија за кои се заслужни познати имиња како Шигеру Бан, Жан Нувел и Нил Денариус.

Хадид во овој проект влезе максимално користејќи го нејзиниот карактеристичен дизајнерски стил. Зградата ќе има 11 ката и 39 станови кои поради многуте стаклени површни ќе бидат целосно отворени.

 

4


Нејзината цел е футуристичкиот дизајн што подобро да се вклопи во околината на објектот и становите и на своите сопственици да им понуди цела нова динамика на животот. Иако цената на квадрат за повеќето станови е непозната, се знае дека апартманот на последниот кат ќе биде 50 милиони долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија