X
 17.11.2018 Наука

НАСА објави снимки од нов огромен глечер на Антарктикот

Парче мраз сo површинa oд oкoлу 220 километри квадратни пред еден месец се одвои од глечерот Пајн Ајланд на Антарктикот, соопшти НАСА објавувајќи фотографија направена при движење над огромната ледена површина.

Глечерот „трипати поголем од Менхетн“, како што вели НАСА во објавата, е наречен Б-46 и се наоѓа на западниот дел од Антарктикот. Според некои научници, тој е показател како глобалното затоплување ја менува нашата планета.

Кога е откриен, мразот имал површина од 226,3 квадратни километри, но тој постепено се топи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука