Градот понекогаш знае да биде грубо место. Без разлика дали станува збор за бесконечното загадување, чудната миризба или сообраќајниот метеж што ни го загорчува животот, урбаниот пејзаж не е омилен меѓу граѓаните.
Имајќи го ова предвид, едно американско дизајнерско студио ги презеде работите во свои раце и инсталира „јавни вреќи за удирање“ низ Мехетн со надеж дека жителите ќе можат да се ослободат од секојдневниот стрес на здрав начин, наместо да се ослободуваат викајќи и расправајќи се со соседите.
Иницијативата на „Савана“, колективен проект, беше воведена како придонес за Њујоршката недела на дизајн 2019, за да им се овозможи на локалните жители да се ослободат од своите фрустрации во безбеден простор.
Близу вреќата за удирање е напишана целта на мисијата:
„Концептот истражува дизајнирање на заеднички места за емоциите со кои сите се соочуваме. Сите ние што патуваме од точка А до точка Б се справуваме со голем број фрустрации. Фрустрации што ги надминуваат дизајнираните системи и се случуваат затоа што сме луѓе. Овие вреќи нудат излез за овие емоции како средство за развивање поздрав начин за решавање на личните и колективните проблеми во јавноста“.
Њујорчани со задоволство ја поздравија иницијативата, удирајќи ги и клоцајќи ги вреќите.
Ова не е изненадување ако се земе предвид дека Американците се меѓу луѓето со најголем
стрес во светот, според анкетата на „Галуп“. Анкетите покажуваат дека лутината, стресот и грижата достигнаа највисоко ниво за една деценија.