Страната Webiot создаде листа на најдобрите апликации во бизнис светот за кои голем дел од вас воопшто не знаат. Тие сметаат дека нивната листа е подобра од другите поради тоа што апликациите се бесплатни и нови.
1. Bitrix 24
Оваа алатка е совршена за луѓе кои работата со клиенти, управуваат со проекти, работат во call центри, виртуелни канцеларии, кои се на висока позиција и потпишуваат разни документи, маркетинг и друго. Кај оваа апликација постојат три добри работи. Прво, ги регулриа односите со клиентите и вработените. Второ, соработка, планирање и управување со проекти. Трето, информациски систем за човечки ресурси. Едноставно кажано, оваа апликација е одлична бизнис платформа. Целосно бесплатна за до 12 корисници во група. Достапна е за iOS, Android, Web, Unix, Linux, Windows и MacOS.
2. Qwilr
Малку е тешко да се објасни на кој принцип работи оваа апликација доколку никогаш не сте ја пробале. Таа всушност го претвора секој документ во интерактивна интернет страна. Ова е одличен начин да создадете убава презентација за вашите клиенти или извештај за инвеститорите. Оваа апликација има доста потенцијал, а направена е од поранешните членови на Google.
3. Wave accounting
Оваа моќна сметководителска платформа е целосно бесплатна. Она што е добро кај неа е услугата на скенирање која можете да ја употребите едноставно преку вашата камера на мобилниот телефон и со додавање на апликацијата „Receipts by wave“. За разлика од другите апликации кои се занимаваат со трошоци, оваа сметководствена платформа исто така може да се користи како платен список и за фактурирање.
4. BizAgi
Оваа бесплатна апликација ги решава деловните проблеми и ја користат повеќе од 500.000 корисници ширум светот. Помалите компании не водат грижа за процесите, стандардите и процедурите, но ако имате тенденција да растете, оваа апликација е повеќе од потребна.
5. Schedulehead
Ова е одличен сервис за правање распоред за вработените. Доколку ја користат 10 корисници и еден администратор, таа е бесплатна и опфаќа база на знаења и испраќање меилови.