Понекогаш навидум мали промени може да имаат огромно влијание. Истражувачи во САД откриле врска помеѓу еднократното зголемување на минималната плата за 1 долар и намалената стапка на самоубиства.
Додека стапките на самоубиства генерално паѓаат во остатокот од развиениот свет, САД во оваа статистика забележале трагично зголемување.
Новото истражување покажува дека зголемувањето на минималната плата во секоја американска држава за 1 долар помеѓу 1990 и 2015 година би можело да спречи 27.550 убиства во регионот.
Наодите важат за оние со средно образование или помало - не за оние со високо образование или повисоко - а ефектот е најизразен во услови на висока невработеност, се посочува во истражувањето.
- Самоубиството честопати е поврзано со финансиски стрес, како што се загуба на работното место, долг или финансиски тешкотии, но помалку е познато како економските интервенции, како што се политиките за минимална плата, би можеле да ги подобрат овие фактори на ризик - пишуваат истражувачите во својот труд.
Фото: Unsplash
За да открие, тимот ги собрал бројките од сите 50 држави и Вашингтон, анализирајќи ги стапките на самоубиства помеѓу лица на возраст од 18 до 64 години во текот на секој месец во периодот меѓу 1990 и 2015 година и споредувајќи ги со промените во минималната плата.
Истражувачите процениле дека би имало 3,5 отсто намалување во стапката на самоубиства за секој долар зголемување на минималната плата. Тимот не забележал статистичко намалување на стапките на самоубиства засновано врз минимални зголемувања на плати за оние со факултетско образование или повисоко образование.
- Не забележавме никаков ефект кај возрасните со факултетско образование или повисоко образование, што укажува на тоа дека минималното зголемување на платите може да ги намалат разликите во менталното здравје и смртноста меѓу социо-економските групи - пишуваат авторите на истражувањето.
- Нашите наоди се во согласност со идејата дека политиките
дизајнирани за подобрување на егзистенцијата на лицата со пониско образование, кои имаат поголема веројатност да работат професија што носи пониски плати и се изложени на поголем ризик за неповолни исходи на менталното здравје, можат да го намалат ризикот од самоубиство - заклучува тимот.