Работниците со минимална плата во Германија ќе имаат покачување на приходите за речиси 12 отсто до 2022 година, објави официјалниот комитет. И покрај пандемијата, минималната плата не смее да заостанува.
Минималната плата во Германија ќе се зголемува во неколку фази и на крај ќе изнесува 10,45 евра на час до средината на 2022 година.
Разговорите за покачување на минималната плата во Германија беа делумно контроверзни бидејќи членовите на официјалната комисија на земјата имаа долга расправија околу сумата, вели Јан Зилиус, шеф на комисијата.
Но, по продолжување на разговорите и откажување на прес-конференција во последен момент, претставниците на работодавците и работничките синдикати едногласно се согласија да ја зголемат минималната плата од сегашните 9,35 евра на 10,45 евра на час до јули 2022 година.
Минималната плата ќе биде постепено зголемувана во текот на четири фази, при што првата фаза е закажана за јануари 2021 година.
Германскиот министер за труд Хубертус Хајл изјави дека владата ќе ја спроведе препораката.
Фото: Pixabay
Бидејќи германската економија се соочува со последиците од пандемијата на коронавирусот, многу
работодавци предупредија дека зголемувањето ќе го отежне вработувањето на луѓето во текот на фазата на закрепнување.
Но, претставниците на работниците велат дека покачувањето ќе придонесе за трошење кај околу две лица со најниски примања. По одлуката, опозициските партии изјавија дека зголемувањето е премногу мало.
Министерот за труд Хајл вели дека оваа есен доаѓаат повеќе реформи во минималната плата.
- Минималната плата не смее да заостанува - вели политичарот од левичарската партија СПД, партнер на владејачката коалиција на Меркел.
Германија воведе регулатива за минимална плата во 2015 година. Во вторникот Хајл изјави дека станува збор за успешна приказна што треба да продолжи да се пишува и дека државата треба да работи да ја донесе платата до 12 евра на час.
Извор:
Detusche Welle