Соларниот покрив на Тесла доаѓа. Извршиниот директор Илон Маск изјави дека компанијата ќе го претстави соларниот покрив на 28 Октомври во Сан Франциско. Тој ќе биде интегриран со новата верзија на батеријата “Powerwall 2.0“ и полначот на Тесла.
Ова не е првпат да слушнеме за плановите на Маск во бизнисот за покриви.
На вториот повик за кварталните приходи на “SolarCity“, Маск
рекол дека покривот би бил основен дел за постигнување на стратегија за диференцијални производи, при што би имале прекрасен покрив. “Тоа не е нешто на покривот. Тоа е самиот покрив, што е доста тежок предизвик за инженерите и не е нешто што е достапно на било кое друго место“.
Тесла е во процес на купување на “SolarCity“ со договор во вредност од 2.6 милијарди долари.
Save