X
 14.10.2015 Култура

Најдобрите научно-фантастични филмови на сите времиња

Киното постои за да ги проектира нашите соништа. Научно-фантастичните филмови постојат за да ги проектираат нашите најкреативни соништа - патување со времето, алтернативни светови, проширена свест и многу други фантазии.

 

филм


Токму затоа ви ги претставуваме најдобрите научно-фантастични филмовив на сите времиња.

10. Planet of the apes (1968)


 

Постојат неколку работи на кои дефинитивно би сакале да сме сведоци со сопствени очи како на пример откривањето дека планетата на мајмуните е Земјата. Филмот има доста чуден почеток, преживеаните не се согласуваат премногу.

9. The Terminator (1984)


 

И Камерон и Шварценегер се надминуваат себеси во овој епски филм, иако приказната во филмот не функционира баш на сите места, меѓутоа кој би можел да ја заборави познатата реченица: „I'll be back!“

8. Star Trek II: The Wrath of Khan (1982)

 

Спок: „I have been, and alwyas shall be, your friend“. Толкму многу од научно фантастичните филмови се на вселенски брод меѓутоа овој филм дефинитивно е еден од најдобрите.

7. Star Wars: Episode V: The Empire Strikes Back (1980)


 

Најхрабрата независна филмска продукција некогаш монтирана, Empire продолжи онаму кадешто првиот Star Wars филм застана додавајќи замрзнати планети, мочуриште и што е најважно темнина.

6. Close Encounters of the Third Kind (1977)


 

Овој филм е повеќе надреален отколку што се сеќавате и вклучува доста сурови моменти на внатрешни безредија. Во основа, ова е филм во кој не многу ви е објаснето и претставува авантура поголема од сфаќањето на било кој човек.

5. Metropolis (1927)


 

Ремек дело на експресионизмот и арт деко дизајн, овој филм е создаден пред национал-социјализмот во реалниот живот.

4. Aliens (1986)

 

Оригиналот на Ридли Скот беше вистинско чудовиште, меѓутоа римејкот на Џејмс Камерон е тотална војна.

3. Gattaca (1997)

 

Каде завршува превентивната медицина и каде започнува играњето на Бога? Дали е вистина дека во иднина ќе започнеме да носиме остри костуми и шапки и ќе имаме арт деко мебел?

2. Blade Runner (1982
)

 

Metropolis ја постави основата за тоа како филмовите треба да изгледаат во иднина, а потоа во 1982 година дојде Ридли Скот со овој филм. Одлично направен филм со многу јасна порака: никој не сака да умре

1. 2001: A Space Odyssey (1968)


 

„Here you are, sir. Main level, please“. Ова е првиот дијалог, кој трае приближно 30 минути во филмот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура