Средношколците имаа неколку средношколски маршеви во текот на изминатата учебна година, а сега го најавуваат првиот за оваа учебна година.
На 21 октомври, средношколците ќе се соберат во градскиот парк во 12:30 часот, откаде ќе го започнат Средношколскиот марш со кој ќе побараат будење од страна на МОН во врска со сите нивни барања за промени во образованието, како што пишува во објаснувањето за настанот.
- Направете нешто корисно за вас, за сите нас како целина, приклучете се на толпата од моќна младина по скопските улици, и кренете го гласот против лошите реформи, бидејќи не се работи за нешто на нас туѓо, ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО СЕ РАБОТИ! - пишува на настанот на „
Фејсбук“.
Средношколскиот марш е организиран од Средношколскиот пленум, а е поддржан од Студентскиот пленум.