Се проценува дека летово имало 23.022 милиони мажи и жени кои биле невработени во земјите кои членуваат во Европската унија. Во споредба со изминатата година, бројот е намален за 1.490.000.
Според податоците од „Еуростат“, стапката на невработеност во Европската унија изнесувала 9,5% во август годинава, што е пад од 10,1% во споредба со изминатата година.
Најниска стапка на невработеност се забележува во Германија (4,5%), Чешка Република (5%) и Малта (5,1%), а највисока во Грција (25,2%) и Шпанија (22,2%).
Во
споредба со претходната година, невработеноста се намалила во 23 земји, се зголемила во 4 и останала стабилна во Романија.
Најголем пад се забележува во Естонија, Словачка, Шпанија, Бугарија, Ирска и Полска. Зголемувањето се забележува во Австрија, Белгија, Франција и Финска.