На крајот на 2014 година во Република Македонија невработени биле 265.370 лица од активни 961.416 жители. 696.046 лица се вработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Соодветно, стапката на активност за периодот изнесува 57,4, на вработеност 41,5, а стапката на невработеност 27,6.
Помеѓу вработените активни жители, 61,2% се мажи, а 38,8 жени. Кога станува збор за невработените лица, разликата е помала. 59,7% од невработените активни лица се мажи, а 40,3 се жени.
Неактивните жители на Република Македонија ги бројат дури 715.478 луѓе, од кои 257.142 (35,5%) се мажи, а 458.336 (64,5%) се жени.
Најголем број вработени има во преработувачката индустрија (137.704) и земјоделството, шумарството и рибарството (127.249). Во образованието има 40.601 вработени лица.
Целосните податоци пронајдете ги
ОВДЕ.