X
 16.10.2015 Образование

Колкава е годишната плата на наставниците во Македонија?

наст

 

Европската комисија објави извештај за платите на наставниците и директорите за учебната 2014/2015 година во земјите во Европската Унија како и во нашата земја и земјите од регионот. Како најважен заклучок истакнуваат дека во поголемиот дел од земјите од Европската Унија платите се зголемени од оние во учебната 2013/2014 година.


Според извештајот на Европската комисија, минималната годишна бруто плата на македонските наставници на годишно ниво во основните училишта изнесува 5.417 евра (333.038 денари) , додека во средните училишта изнесува 5.654 евра (347.641 денар), додека максималните плати во основните училишта изнесуваат 7.761 евро (477.180 денари), додека во средните 8.120 евра (499.200 денари).

Дополнително, доколку наставникот прифати да биде ментори, тој добива 2.914 денари плус во основно училиште, и 3.042 денари за средно училиште, секако доколку го заврши успешно менторството.

Доколку наставникот е прогласен за најдобар, тогаш тој добива награда од 1.050 до 2.160 денари во основно образование, додека во средно од 1.100 до 2.210 денари.

Доколку наставникот е класен раководител во основно образование, тој добива плус 1.400 денари, а во средно 1.480 денари.

Што се однесува до директорите на училиштата, нивната минимална бруто плата на годишно ниво во основно училиште изнесува 7.394 евра (454.621 денари), а во средните училишта 7.743 евра (476.036 денари). Максималната плата изнесува 8.282 евра (509.177 денари) во основните училишта, додека во средните 9.441 евро (580.416 денари).

Најголема плата добиваат наставниците од Луксембург - во основно училиште годишните примања им се околу 72.000 евра, а за професорите во средните училишта минималната плата е 80.600 евра.

Целосниот извештај можете да го погледнете ОВДЕ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование