X
 02.07.2017 Образование

Каква стратегија за образование има една од најпаметните држави во Европа?

Естонија е една од најмалите европски земји и една од најретко населените.

„Само ако сме во нешто различни од другите, можеме да успееме“ - ваквото размислување ги доведе Естонците на листата на најпаметни нации во Европа. Според резултатите од тестирањето ПИСА, тие се најпаметни во Европа и трет најпаметен народ во светот.

Со овие резултати ги надминаа и нивните соседи - Финците. Естонското основно образование е најдоброто во светот според резултатите од ПИСА истражувањето спроведено во 2015 година.

Од Министерството за образование на Естонија признаваат дека и тие се изненадени од ваквите показатели. Сепак, велат едно: „Образованието е наша религија“.

„Причината поради добрите резултати во образованието во Естонија лежи во еднаквото и компактно образование, професионалниот кадар, ефективниот менаџмент во процесот на учење, поддршката кај послабите ученици и посветувањето внимание кон специфични образовни потреби. Она најважното - образованието се цени во општеството“, веалт од Министерството за образование на Естонија.

Долгорочната стратегија на учење до 2020 година има 5 главни цели:

- променет пристап кон учењето (учењето е базирано на индивидуалноста, интересите на поединецот, искуството и потенцијалот на секој ученик);
- Компетентни и мотивирани наставници и директори на училиштата;
- Подобра поврзаност на образованието со потребите на пазарот на трудот;
- Дигитална револуција која е процес на учење за цел живот;
- Еднаква шанса и зголемено учество во учењето кое мора да трае цел живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование