Факултетот за бизнис при Универзитетот во Чикаго е именуван за најдобар во рамки на својата програма за магистерски студии 5 пати во 6 години, известува „Economist“. „Which MBA?“ е извештај кој веќе 13-та година собира мислења на студенти и статистики за да направи ранг-листа од најдобрите програми за магистерски студии во светот.
На првото место се наоѓа факултетот за бизнис „Booth“ благодарејќи на студентската поддршка, вработените, сервисот за кариера итн. На второто место е факултетот за бизнис „Darden“ при Универзитетот во Вирџинија. Меѓу најдобрите 10 доминираат американски институции, а во најдобрите 20 има само 6 кои не се во САД.
Првите 10 изгледаат вака:
1. Факултет за бизнис „Booth“ при Универзитет во Чикаго (САД)
2. Факултет за бизнис „Darden“ при Универзитет во Вирџинија (САД)
3. Факултет за бизнис „Tuck“ при колеџ „Dartmouth“ (САД)
4. Факултет за бизнис при „Харвард“ (САД)
5. Факултет за менаџмент ХЕЦ (Франција)
6. Факултет за бизнис „Haas“ при „Berkley“, Универзитет во Калифорнија (САД)
7. Факултет за менаџмент „Kellogg“ при Северозападен универзитет (САД)
8. ИНСЕАД (Франција)
9. Факултет за менаџмент „Anderson“ при Универзитет во Калифорнија, Лос Анџелес (САД)
10. Факултет „Wharton“ при Универзитет во Пенсилванија (САД)