Психопатите најчесто студираат економија и слични студии поврзани со бизнисот, покажале резултати од истражување спроведено во 2017 година.
Научници од данскиот Универзитет во Орхус ги оценувале испитаниците според карактеристики што се најчести кај психопатите и нарцисоидните луѓе. Според нив, овие карактеристики се поврзани со желбата за социјална доминација и моќ на работното место.
Во истражувањето учествувале над 400 дански студенти по психологија, менаџмент, економија и право.
Било откриено дека студентите по психологија имале послаби резултати на тестовите за психопатија и нарцизам во споредба со колегите што студирале менаџмент и економија.
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Freepik