X
 20.10.2015 Технологија

Подвижниот ѕид на ИКЕА наменет за мали станови

Работата на раководителот на истражувања во ИКЕА, е да дознае како глобалните трендови ќе го обликуваат начинот на кој луѓето живеат. Токму тоа и се обидува да го прави Микаел Идолм - она што тој може да го види е тоа дека ѕидовите помеѓу кои ние живееме во иднина ќе бидат многу пофлексибилни.

 

ikea


Постојат два големи макро трендови кои објаснуваат зошто.

- Урбанизацијата ќе доведе до масовно намалување на местата. Како во Кина, кадешто над 250 милиони луѓе се преселат од селата во градовите во следните 11 години. Микаел вели дека компанијата ИКЕА чијашто цел е да дизајнира за многу луѓе, сака да создаде производи за луѓето кои немаат високи приходи, а кои треба да купат станови во Шангај, Мумбај или Њујорк.

- Луѓето ги користат своите домови на пофлесибилен начин. „Постои флуидност во вашите домови. Во споредба, пред 20 години правевте повеќе активности во различни делови од домот“, вели Микаел.

Затоа ИКЕА започна да се запрашува - дали би можеле да се користат подовите, таваните или ѕидовите за да се создаде флексибилен, отворен простор во мал стан?

Оваа идеја за подвижен ѕид може да се повлече за да се создаде простор за уште една соба. За да го тестира прототипот, ИКЕА покани семејства со различна позадина да поминат две недели во нивната „Home living“ лабораторија во предградие надвор од Малме, Шведска. Компанијата побара од семејството да го документираат начинот на кој тие се чувствувале додека живееле во оваа соба.

Микаел вели дека одговорите биле различни, но претежно позитивни. Постара арапска двојка изјавила дека не се чувствувале дека имаат големо „достоинство“ додека живееле во оваа соба; тие сакале соодветна спална соба. Една самохрана мајка изјавила дека таа ја обожавала собата бидејќи подвижниот ѕид и` дал простор да има пријатели за вечера. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија