X
 03.12.2017 Технологија

Роботите од дистописката иднина се овде

Пред една година „Бостон Динамикс“ објави видео во кое хуманоидниот робот Атлас извршува човечки задачи, како отворање врата, одење низ снежна шума, кревање картонски кутии и сл.

фото извор: money.cnn.com

Што се случува деновиве со Атлас? Како што ќе погледнете во следното видео, роботот скока во нови висини, а прави и салто наназад со леснотија. Роботот бил дизајниран за да се грижи за, на пример, асистирање во центрите за итна помош, да помогне во операциите за спасување. Инаку, Пентагон помогнал во финансирањето и дизајнирањето на Атлас, па не е чудно ваквата роботика да се користи и за воено поле.



Следното видео, краткиот филм „Слотерботс“, кој произлегува од кампањата за спречување на роботите што убиваат, а ја содржи следнава приказна:

Воена фирма открива мал дрон кој лови и убива со неверојатна ефикасност. Но, кога технологијата ќе падне во погрешни раце, никој не е безбеден. Политичарите се убиваат на дневна светлина. Машините детектираат активисти кои се испраќани со експлозиви на главите.



Филмот изгледа како научна фантастика, но не е. Ги покажува резултатите од интегрирање технологии кои веќе ги имаме. Прикажан бил и на конвенцијата за конвенционални оружја на Обединетите нации, каде што научници потпишале отворено писмо за донесување забрана за развојот и употребата на роботите-убијци. Во писмото стои дека таквите роботи можат да прераснат во трета револуција во војната. Ако се развијат, ќе се дозволи да се создадат конфликти од досега невидени размери. Тоа ќе резултира со користење оружја за терор против невини популации.

Експертите заклучуваат дека роботите на дистописката иднина веќе се овде и нивната закана е реална.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија