X
 12.12.2016 Технологија

Наскоро нов начин за управување со мобилен телефон

Ако се верува на гласините, HTC го подготвува наследникот на моделот HTC 10, а ќе го носи името HTC Ocean.


Овој телефон наместо Volume или некое друго копче ќе има „чувствителна плочка“ преку која ќе се зголемува и намалува звукот со движења.  Ова не е единствената опција која ќе ја нуди плочката, таа ќе може да се користи и за други опции.

Phone Arena, според некои свои извори, информираат дека HTC Ocean ќе има дизајн сличен на дизајнот од HTC 10 смартфонот, но со извесни промени.

Освен тоа, ќе има и промена на интерфејсот, кој ќе биде поврзан со функцијата Google Assisstan, а ќе има и нова камера со два објектива, како и подобар екран.

HTC Ocean најрано може да биде виден на MWC саемот во Барселона, кој ќе се одржи на крајот на февруари 2017 година.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија