Еден софтверски инженер вработен во „Google“ го открил начинот за заштедување илјадници долари и решавање на станбеното прашање. Наместо да изнајми стан, 23-годишникот познат само како Брендон се преселил во камион, пишува „Business insider“.
Идејата се родила додека бил на пракса во компанијата и живеел во најевтиното сместување кое било понудено со повеќе цимери. Тој сфатил дека не е исплатливо да трошо голема сума пари за сместување кога речиси никогаш не е дома.
Така, тој купил камион и го уредил за живот. Единствениот фиксен трошок кој го плаќа сега е осигурувањето на камионот, што изнесува 121 долар месечно.
Електрична енергија нема во камионот, но вели дека не му е потребна бидејќи работи во компанијата. Во „Google“ има и храна и туш, па дури и теретана.
Земајќи го сето ова предвид, тој заштедува 90% од заработката. Заштедените пари планира да ги искористи за враќање на студентскиот долг и вложување во бизнис.