X
 27.12.2021 Живот

Жените во ЕУ заработуваат помалку од мажите, иако се пообразовани

Иако жените во Европската Унија се пообразовани од мажите, во просек заработуваат 14,1 отсто помалку од нив, покажуваат податоци од 2019 година објавени од Европската комисија и „Еурофонд“.

Сепак, разликите помеѓу заработката на мажите и жените се помали во споредба со претходната деценија. Во 2010 година жените заработувале 15,8 отсто помалку од мажите.

Доколку намалувањето на јазот напредува со истата брзина, на ЕУ ќе ѝ бидат потребни над 70 години за да ја изедначи заработувачката на мажите и на жените.


Фото: Pixabay

Секоја од европските држави има своја статистика во областа која покажува дека некаде јазот помеѓу мажите и жените кога станува збор за заработката е помал или поголем од просекот. Така, оваа разлика е најмала во Луксембург, Романија и Италија, а најголема во Естонија, Летонија, Австрија и Германија.

Кога станува збор за просечната заработка на мажите и жените во пензија во ЕУ, мажите примаат просечно 29,5 отсто повисоки пензии од жените.

Извор: Makanje
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот