X
 25.10.2015 Образование

Бев одличен студент, а сега работам како чистачка

„Бев одличен студент, а сега не можам ништо. Меѓу првите наидов на тој проблем и по регуларен пат не можам да го решам“, вели Маријана Воларевиќ од Метковиќ.


Хрватскиот „Нови лист“ објави приказна на една професорка од Мостар која работи сезонски како чистачка.

„Жртвата на бирократијата“ самата ја раскажува сопствената приказна како дипломирала во 2013 година на Универзитетот во Мостар, на одделот за хрватски јазик и книжевност.

Веднаш по дипломирањето започнала да оди на пракса, но веднаш и` било кажано дека решение за стручна квалификација нема да добие. Од Министерството за образование, знаење и спорт и` било кажано дека без таквото решение нема да може да се специјализира, иако има диплома.

Маријана работи и живее во Хрватска, а дипломирала неколку дена пред земјата да влезе во Европската унија. Законски, сите кои дипломирале надвор од земјата (во случај на насоки кои се од областа на воспитувањето) мора да одработат практична работа и да полагаат стручен испит за да се вработат.

Ова е проблем на голем дел дипломирани професорки и воспитувачи кои остануваат заглавени помеѓу правилата.

„Веќе повеќе од две години се надевам дека нешто ќе се реши, но нема поместување. Не можам веќе да им бидам пречка на родителите, па започнав да работам како чистачка. Се чувствувам како сама на светот. Бев одличен студент, а сега не можам ништо“, вели Маријана.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование