X
 16.11.2016 Култура

Фатени на дело! Не оделе на работа а земале плата

Сфатил дека го „уловиле“ откако не ја добил платата за последниот месец и веднаш се пожалил: „Страшно се вознемирив!“

Државен службеник легач

Државен службеник од Кувајт кој не одел на работа цели десет години, сфатил дека го откриле дури откако на својата сметка не ја добил последната плата, јавува Ал Раи.

Откако инспекцијата ја замрзнала неговата плата, неименуваниот службеник се жалел на одлуката со забелешка дека „казнената мерка многу го вознемирила“.

Еден друг службеник, поминал 18 месеци во странство додека платата за работното место во Кувајт уредно му се исплатувала. Кога го соочиле со доказите дека не се појавувал на работното место, тој забележал дека „шефот повеќе од година и пол не го прашал зошто не доаѓа на работа“.

Инспекцијата во Кувајт ги замрзнала платите на повеќе од 900 службеници, во обид да го спречат трендот во кој бројни припадници на државната бирократија ги подигаат платите иако не доаѓаат на работа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура