X
 30.09.2017 Живот

Постојат два типа носталгија

На сите ни е познато чувството на носталгија. Истовремено слатко и горко посакување на место и време од минатото. Но не секоја носталгија е креирана еднакво. Според професорката Светлана Бојм од „Харвард“, постојат два вида носталгија и онаа што ќе ја прифатите може да има големо влијание врз вашата состојба.

Зборот „носталгија“ има грчко потекло. Се состои од зборовите „ностос“, кој значи „враќање дома“, и „алгиос“, кој значи „копнеж“. Овие две компоненти ги одредуваат двата типа носталгија, а според Бојм тоа се: ресторативна и рефлективна.

Ресторативната се концентрира на моментот „враќање дома“, креирајќи желба за реконструкција и повторно оживување на работите што се случиле во минатото. Рефлективната, пак, се концентрира на копнежот, фокусот на чувствата што сте ги имале, но тука е и прифаќањето дека се во минатото. Бојм вели дека ресторативната носталгија ги враќа чувствата со параноично определување, а рефлективната стравува од враќање со истата страст.

Средношколските денови се носталгичен период за многумина, па, на пример, доколку слушнете музика која во тој период ви била омилена, ќе ве потсети на чувствата, желбите и тешкотиите што сте ги имале тогаш. Тоа прифаќање на контрастот помеѓу минатото и сегашноста е рефлективна носталгија. А ако се потсетите на тоа дека животот бил подобар во тој период кога не сте се соочувале со комплексностите на избраната кариера, на пример, тогаш тоа може да ве натера да преземете мерки за да го промените вашиот живот. Тоа е таа ресторативна носталгија, која ги тера луѓето да воведат промени и да донесат одредени одлуки.

За жал, минатото кое ресторативната носталгија ве принудува повторно да го креирате не е реално. Најчесто паметиме добри времиња надвор од својот контекст. На пример, го сакате периодот во средно училиште бидејќи сте се чувствувале безбедно дома, но притоа заборавате на моментите како тешка финансиска состојба, караници и слични ситуации кои се својствени за семејствата. Обидите за повторно креирање на минатото може да ве натераат да се соочите со непријатни реалности.

Добрата вест е што ниту рефлективната ниту ресторативната носталгија нема врска со самите сеќавања, но затоа се целосно поврзани со вашата реакција кон нив, односно нашите очекувања за тоа што можат сеќавањата да ни предизвикаат. Што значи дека не се работи за самото минато, туку за нашиот став кон минатото.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот