X
 25.10.2015 Наука

Зошто имаме 60 минути, но 24 часа?

Еден ден е времето кое и` е потребно на Земјата да направи цел круг. Но, како луѓето се решиле да го поделат денот на часови, минути и секунди?


Првите луѓе кои го поделиле денот на помали делови биле древните Египќани. Пред повеќе од 3.000 години, тие започнале да ги користат првите часовници. Тие ги направиле првите часовници според сенката која се остава на земјата. Никој не знае сигурно зошто бил одбран токму бројот 12 за поделба на часовникот, но некои мислат дека така е полесно да се подели на два, три, четири и шест.

Сепак, овие часовници не биле корисни по зајдисонце. За вечерните часови, Египќаните гледале во ѕвездите. Тие одбрале неколку ѕвезди кои ги следеле и според нив знаеле за времето. Поточно, тие одбрале 12 ѕвезди со кои го мереле времето во текот на ноќта. Така се добиле 12 часа темница и 12 часа светлина - 24 часа во денот.

Други древни луѓе наречени Вавилонци сакале да го користат бројот 60. Многу цивилизации го позајмиле овој систем, меѓу кои и Египќаните. Затоа кругот го делиме на 360 делови, односно степени. Затоа и луѓето се решиле да го поделат времето на часовникот, кој е во облик на круг, во 60 минути, а потоа секоја минута на 60 секунди.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука