Сите имаме 24 часа на ден, но не ги трошиме исто. Некои им даваат приоритет на семејните обврски, додека други одвојуваат многу време за спиење или за социјализација. Еден графикон од организацијата „Аур ворлд ин дејта“ ги споредува активностите на жителите во десетици земји според времето што го трошат на нив.
За графиконот се искористени податоци од 33 земји од база на податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за лица на возраст од 15 до 64 години.
Податоците откриваат дека кога станува збор за платената работа, Јапонците трошат најмногу време, односно просечно 5,5 часа дневно. За споредба, европски земји како Франција и Шпанија работат речиси двојно помалку.
Некои трендови ги надминуваат културните граници. Мексиканците трошат многу време на домашни обврски, како и Португалците. Кога станува збор за слободните активности, Американците поминуваат просечно 2,5 часа дневно следејќи медиуми.
Друг интересен податок е тоа што луѓето во Франција трошат најмногу време на јадење - приближно 2 часа дневно. Слично време на јадење се троши и во Грција, Италија и Шпанија.
Гледајќи според половите, жените трошат речиси трипати повеќе време за неплатени домашни обврски во споредба со мажите, и затоа имаат помалку слободно време.
Во Норвешка, мажите и жените имаат исто слободно време, но оваа земја е исклучок. Во меѓувреме, во земји како Индија и Кина, значителните разлики помеѓу половите ги спречуваат жените да напредуваат на социоекономско ниво, а тоа потенцијално ја чини светската економија билиони долари.
Автор: Иман Гош
Извор:
weforum.org