X
 28.10.2015 Образование

85% од српската младина би прифатила работа "на црно"

По Македонија и Босна и Херцеговина, Србија е земја со највисок број невработени млади луѓе во регионот. Повеќе од половина од српската младина чека за вработување повеќе од 2 години, било кажано на трибината „Зошто (не) заминуваме од Србија“.


Трибината била одржана на Факултетот за политички науки во Белград. За време на истата било забележано дека 90% од младите во земјата не работат за време на студиите.

Потоа, меѓу невработените најмногу има млади со завршено средно образование.

Можеби најизненадувачкиот факт кој бил забележан на трибината е тоа што дури 85% од младите би прифатиле работа на црно.

На трибината бил присутен и Министерот за образование на Србија, Срѓан Вербиќ, кој изјавил дека ситуацијата не е присутна само во Србија, ами и во други земји. Тој смета дека Србија треба да комуницира подобро со својата дијаспора за подобро да сфати кои се предностите а кои недостатоците на заминувањето од земјата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование