Владимир Ѓукановиќ со години работел во американската банка „Џеј Пи Морган“ и затоа го нарекуваат „српскиот волк од Волстрит“. Тој бил стипендист на „Опен сосајети“, што му донело добро познанство со Џорџ Сорос. За Ворен Бафет вели дека е еден од најбрилијантните луѓе кои ги запознал.
- Кога станува збор за инвестициите, тука немам некои примери, бидејќи тоа е работа како и сите други. Не ме импресионираат луѓе кои заработиле пари. Сметам дека ако сте упорни, и вие ќе заработите. Го знам процесот, го знам системот, треба само да се учи - изјавил Ѓукановиќ.
Според него, постојат неколку работи што секој претприемач и инвеститор мора да ги знае. Меѓу другото, тој посочува дека вистинскиот бенефит во берзата се чувствува по многу години, а инвестирањето е спор и трпелив процес. Шпекулацијата е брза пара и ако се користите со неа, тоа е како да сте влегле во обложувалница, според него.
- Да се купи недвижнина по пазарни цени како инвестиција е бесмислена приказна. Да си купите стан за себеси, тоа е најважната работа во животот што треба да ја направите, но како инвестиција нема смисла - вели тој.
Според него, едукацијата за берзата треба да се учи од основно училиште, а луѓето не можат да сфатат колку е добро кога се инвестира и секоја година се заработува од инвестицијата. Тој не препорачува тргување со криптовалути затоа што таму нема информации.
- Да се купи биткоин денес или да се продаде затоа што од некого сум слушнал, тоа е тотална глупост - вели тој.
За периодот во кој се наоѓаме, тој препорачува да се чуваат парите бидејќи сега светот се наоѓа во совршена бура.
- Имаме инфлација, имаме геополитички проблеми, имаме војни, имаме енергетска криза. Имаме копија на 70-те години. И ако дојде до рецесија и стагфлација, тоа ќе биде пекол - вели тој.
Ѓукановиќ им порачува на младите да работат колку што можат бидејќи нема што да изгубат. Според него, оние кои ќе се одлучат за кариера во ИТ нема да згрешат бидејќи сè ќе биде дигитализирано и сè треба да се испрограмира и одржува.
- И кога ќе погледнете од каде доаѓаат инвестициите и во што се вложува, огромни пари се вложуваат во овој сектор, во прашање се милиони, а тоа се гледа и во нивните плати. И оваа индустрија константно расте - вели Ѓукановиќ.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија:
Youtube (printscreen)