X
 18.09.2019 Образование

Српските студенти најавија дека ќе ја радикализираат блокадата на Ректоратот

Ректорката на универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ, утрово влезе во зградата на Ректоратот, кој е под блокада, и околу два часа разговараше со студентите, а потоа не даде изјави.

Но затоа активистката на здружението „1 од 5 милиони“, Мила Јовановиќ, по разговорите изјави дека блокадата на институцијата ќе биде радикализирана доколку не биде исполнето нивното барање ректорката Иванка Поповиќ да ѝ даде препорака на премиерката Ана Брнабиќ да го разреши министерот за финансии Синиша Мали.

Таа не сакаше да зборува за тоа на кој начин ќе се радикализира блокадата.

Јовановиќ нагласи дека работата на Ректоратот зависи директно од Министерството за финансии и дека затоа постои судир на интереси.

- Доколку ректорката се вклучи во дневникот на РТС и ја даде оваа препорака, ние ќе ја напуштиме зградата во рок од пет минути - рече таа.

На прес-конференцијата пред зградата на Ректоратот, Јовановиќ истакна дека постои уште еден начин да се прекине блокадата на Ректоратот, додавајќи дека тие за тоа ја известиле ректорката, но одби да каже за што станува збор, додавајќи дека новинарите за ова можат да ја прашаат ректорката.

Јовановиќ рече дека денешните разговори со ректорката Поповиќ не биле преговори, туку разговори.

- За време на разговорите таа ни понуди„ компромис“ кој е навредлив за нас - рече Јовановиќ, додавајќи дека ректорката им понудила на активистите посебни простории во Ректоратот каде што би можеле да бидат со цел да се прекине блокадата на таа институција.

Јовановиќ ги повтори барањата дека услов за почеток на преговорите е БУ јавно да ги осуди инцидентите што се случија во петокот во таа зграда.

- Кога упадот на членовите на Српската напредна партија во Ректоратот јавно ќе се осуди, ние ќе се согласиме на преговори - додаде таа.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование