X
 28.10.2015 Образование

Децата и младите најпогодени од европската економска криза

26 милиони деца и младинци во Европската Унија се во опасност од сиромаштија во блиска иднина. Ова е едно од откритијата на Индексот за социјална правда во 2015 составен од „Бартелсман“.


Најпогодени од европската економска криза се децата и младинците. 27,9% од населението под 18 години, односно 26 милиони деца и младинци се во опасност од сиромаштија. 

Слична е и иднината на оние 5,4 милиони младинци кои не се вработени, ниту се на факултет. Само во Шпанија, Грција,Италија и Португалија, бројот на деца и младинци на кои им се заканува сиромаштија се зголемил за 1,2 милиони од 2007 година.


Младите на возраст од 20 до 24 години кои живеат во една од 28-те земји кои се дел од Европската унија се наоѓаат во слична ситуација, без работа и надвор од образовниот систем.



Најлошо, според индексот, е во Грција, па Романија,Бугарија, Италија и Шпанија. Од друга страна, најдобри поволности замладите има во Шведска, Данска, Финска, Холандија и Чешка република.

Бројот на овие млади се зголемил во 25 земји од ЕУ. Подобрување се забележува само во Германија и Шведска. Јужните европски земји забележуваат најлоши резултати.

Интересно е што бројот на загрозени стари лица не се влошува.Во време на криза, пензиските поволности не се намалуваат така како заработката на младата популација.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование