X
 09.04.2023 Уметност

Еве како изгледа куќата која Салвадор Дали ја уредувал 40 години

Во срцето на регионот Коста Брава во Шпанија се наоѓа градот Кадакес, кој им е познат на обожавателите на Салвадор Дали. Куќата „Портлигат“, која сега е музеј, била единственото постојано живеалиште на уметникот.

Тој живеел таму до 1982 година, а се отселил откако починала неговата муза, Елена Ивановна Диаконова, позната како Гала.

Куќата е ремек-дело кое истовремено збунува и фасцинира. Таа претставува лавиринт од соби со различни облици и големини. Дали работел на куќата дури 40 години. Многу предмети и мебелот што може да се видат во куќата денес биле оставени на истото место од страна на Дали.

Прозорците во работната соба се поставени за максимално да се искористи погледот кон морето и небото. Таму може да видите и мирни тераси со маслинки, препарирана мечка и скулптура од Исус Христос изработена од отпад.

Погледнете како изгледа куќата во видеото во продолжение.


Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност