X
 14.11.2018 Живот

Директор им забранил на работниците да одат во тоалет

Неретко гледаме примери кога на работниците им се кршат човековите права. Последен пример за тоа е фотографија направена во тоалет на една компанија во Пожаревац, Србија, на која може да се прочита дека на вработените им се забранува одење во тоалет. Фотографијата беше споделена на социјалните мрежи и многу брзо привлече големо внимание.

Како што пишуваат медиумите од регионот, ова е доказ дека стасавме дотаму работодавецот да биде „своевиден бог“ кој може да им забрани на вработените да одат во тоалет, да си дава право да одредува како ќе функционира нечиј организам, со кое темпо ќе работат бубрезите на работниците и колку долго тие ќе мора да го трпат нагонот за одење во тоалет.

Шефот во овој случај на вработените им се заканил со санкции ако одат во тоалет надвор од паузата и објави дека ќе ги снима работниците со камери за да може да изброи колку пати одат во тоалет во текот на работното време.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот