Наставничката Рут Кларксон од Лансбури бриџ училиштето и колеџот напиша прекрасно писмо до 11 годишниот Бен Твист кој има аутизам откако не успеал да го положи SAT тестот.
Иако Бен дал се' од себе за да го положи тестот, резултатите не биле тоа што тој очекувал. Но, наставничката Кларксон зеде во предвид дека испитите не се се' и му напиша прекрасно писмо на момчето.
Во продолжение прочитајте го писмото во целост.
Драг Бен,
Ти пишувам за да ти честитам за твојот став и успехот во завршувањето на крајната фаза на твоите SAT тестови.
Џил, Лин, Анџела, Стеф и Ен работеа одлично со тебе оваа година и кај тебе очигледен беше твојот неверојатен успех. Ти пишувам тебе и на твоите родители за да ве известам за резултатите од тестовите.
Многу важна информација која сакам да ја сфатиш е дека овие тестови мерат само мал дел од тебе и твоите способности. Тие се важни и ти беше одличен, но Бен Твист е создаден од многу други способности и таленти кои Лансбери Бриџ училиштето не може да ги измери.
Другите таленти кои ти ги имаш, а овие тестови не ги покажаа ги вклучуваат:
- Твојот талент за уметност
- Твојата способност за тимска работа
- Твојата растечка независност
- Твојата љубезност
- Твојата способност да го искажеш твоето мислење
- Твојата способност за спорт
- Твојата способност да се спријателиш и да ги зачуваш пријателите
- Твојата способност да дискутираш за твојот напредок и да го процениш истиот
- Твоите дизајнерски таленти и таленти за градење
- Твоите способности за музика
Нам ни е задоволство тоа што сите овие различни таленти и способности ја формираат твојата посебна личност и ова се сите работи кои ние ги мериме за да се увериме дека ти секогаш напредуваш и продолжуваш да се развиваш како прекрасен и бистар млад човек. Добро сторено Бен, ние сме горди со тебе.