X
 02.11.2015 Живот

Што појадуваат најуспешните луѓе?

Повеќето луѓе, поради работата со која се занимаваат и се` побрзото темпо на живеење, за појадок консумираат житарици или било која храна што може да се подготви доволно брзо.

 

pojadok


Бизнисмените како Ричард Брансон или Бред Ланди започнуваат со здрави активности и здрав појадок, а Пајал Кадики и Марк Цукерберг се насочени на работата со која се занимаваат поради што изборот на храна за појадок не им претставува важна работа.

1. Ричард Брансон - основач на Вирџин групата

Ричард Брансон, утрото го дочекува со храна која изобилува со влакна и витамини.

Појадок: Овошна салата и мусли, а понекогаш и риба.

Навики: Ги трга завесите од прозорецот во раните утрински часови и започнува да вежба.

 

1


2. Шерил Бачелдер - директорка на Popeye's Lousiana Kitchen

Бачелдер појадува различна храна наутро, во зависност од тоа дали е дома или треба некаде да оди.

Појадок: Кога е дома консумира овесна каша, кога патува консумира кајгана, пржена сланина и тост.

Навики:
Секое утро започнува со инспиративен список на песни.

3. Џек Дорси - ко-основач на Twitter и директор на Square

Еден од ко-основачите на Twitter има едноставни утрински навики.

Појадок: Две тврдо варени јајца со сос од соја.

Навики: Се буди во 5.30 натуро, медитира и трча 10 километри.

 

4


4. Бред Ланде - извршен директор на Birchbox

Ланде своето утро го започнува со здрава храна и медитација.

Појадок: Сок од топла лимонада, банана, боровинка, кељ, мед, масло од бадем и кокос.

Навики: Медитација која трае 20 минути.

5. Пајал Кадакиа
- основач и директор на ClassPass

Поради претрупаниот распоред и разните обврски, основачот на ClassPass, појадува додека оди на работа.

Појадок: Овошје и витамини, на пат кон работа оди во Starbucks и зема ладен зелен чај со лимон.

Навики: Проверува меилови и одговара на итни пораки.

6. Кетрин Пауер - ко-основач и извршна директорка на Clique media

 

6

 
Кетрин својот ден го започнува со високо енергетски појадок за да задржи еднакво ниво на енергија во текот на утрото.

Појадок: Едно јајце на тост со авокадо.

Навики: Оди на вежбање во теретана.

7. Марк Цукерберг - основач на Facebook

Oсновачот на најпопуларната социјална мрежа, Марк Цукерберг не мисли многу што ќе појадува.

Појадок: Појадува било што.

Навики: Секој ден облекува иста облека за да не губи време мислејќи се што да облече.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот