X
 05.11.2015 Политика

Полицијата во Норвешка без оружје на работното место

Полициските службеници ќе бидат на должност без оружје.



На својата службена интернет-страница, норвешката полиција објави известување дека полицијата нема повеќе да носи оружје на работното место. Оружјето ќе се чува во возилата или полициските станици и ќе се зема кога ќе треба да се интервенира во опасни ситуации.

Шведската новинарска агенција наведува дека норвешката полиција и порано не носела оружје во текот на работното време, но тоа се сменило со одлука на владата пред две години.

Причината за враќање на старото правило е побуната од страна на повеќе полициски службеници кои биле против носењето оружје за време на должност.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика