X
 18.02.2023 Забава

Толку бил пијан што наместо такси, ја повикал полицијата

Еден 37-годишен маж во Розенхајм, Баварија, сакал да си оди дома, меѓутоа, толку бил пијан што не повикал такси, туку број за итни случаи.

Како што известиле од полицијата, пијаниот жител ја повикал полицијата околу 17 часот. Службениците имале проблем да ја дознаат причината за повикот на човекот, па затоа тргнале да го бараат. Тие го нашле како „притиска копчиња на својот телефон“.

Тогаш била откриена причината за повикот. Мажот барал такси и случајно го активирал повикот за итна помош.

- Беше невозможно да се разговара со него - изјавиле од полицијата.

Тој бил приведен и му било „дозволено“ да отспие во ќелија во полицијата.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава