X
 30.11.2015 Наука

Нешто што најмалку го очекуваме: Ново оружје за масовно уништување!?

Последното оружје за масивно уништување беше атомската бомба. Концептот за истата се развивал повеќе од една деценија. Следното оружје за масовно уништување би можело да се направи многу побргу и да биде нешто што најмалку го очекуваме.


Се работи за нова генетска технологија за продорни гени. Научниците би можеле да го саботираат природниот еволуциски процес и да шират нови гени низ светското население со неверојатна брзина. За ризиците од оваа технологија се зборувале на научна дискусија во Вашингтон изминатата недела.

Оваа технологија досега се користела за чистење на комарците кои носат маларија и слично, но истата би можела да се искористи за лоши цели. Прородните гени постојат во природата долго време, а еден организам има 50% шанси за наследување на било кој ген од своите родители. Некои гени ги зголемуваат шансите за наследување преку правење сопствени копии во родителскиот геном.

Со децении, никој не знаел како да го изведе овој природен феномен, но во 2003 година, Остин Барт предложил метод за прецизна замена на обичниот ген со продорен заедно со неговиот механизам на копирање.



Технологијата за менување на гени била создадена дури во 2012 година. До крајот на 2014 година, истражувачите од „Харвард“ создале продорен ген со 99% шанси за наследување. Промената на гените била користена за истребување на болести, како маларијата во комарците.

Гените би можеле да се користат и за изработка на биолошко оружје. Така, наместо да се произведе огромно количество смртоносен вирус, би можеле да се направат комарци со ген за производство на токсин и нивно опстојување со продорни гени, со кои по одреден период, сите комарци би станале смртоносни.

На средбата во Вашингтон се разговарало за строги регулации за спречување на вакво сценарио.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука