X
 21.01.2016 Образование

Како до бизнис за време на студиите?

Студирањето е најубавиот дел од животот на секој човек. Тоа е затоа што тогаш личноста е без грижи, има време за сè, излегува, се дружи со пријатели и има многу време за одмор. За ова би се согласиле многу поранешни студенти, но не и сегашните. Оние кои моментално студираат се грижат за тоа што ќе се случи со нив по долго очекуваната диплома.


Во денешно време, студентите се изложени на информации од сите страни. Професорите, колегите, пријателите, социјалните мрежи, интернетот - тоа се извори на информации. Овие информации прават младите денес да се чувствуваат „изгубено“ во светот.

Но, овој динамичен начин на живот може да се искористи за поволна цел. Секој има идеја за напредок, но ретко кој ја реализира бидејќи малкумина знаат како да започнат нешто. Не чекајте „подобри времиња“ за да ја покажете својата идеја и да постигнете успех. Претприемач може да се стане и за време на студирањето.

Зборувајте со оние околу вас


Професорите, родителите, соседите, колегите и било кој што има искуство во областа на претприемништвото може да ви помогне. Најдете личност подготвена да ви даде совет и насока.

Ангажирајте се

Она што не може да го научите на предавања може да го научите од другите студенти и пријателите. Ширете познанства додека сте на факултет. Никогаш не знаете дали некој ќе ја има вашата животна шанса во својата рака.

Направете тим

Најголемите претприемачи денес работеле и работат во тим. Најдете партнер меѓу колегите или пријателите. Работете со некој што има слични амбиции како и вас и кој ќе ве поддржува и работи заедно со вас.

Едуцирајте се

Образованието не се одвива само во предавалната. Тоа се добива и надвор, на тренинзи, курсеви, но и на улица. Искористете ја секоја можност за дополнителен развој.

Што потоа?

Доколку веќе имате тим и знаење, пронајдете претприемачки инкубатори во кои може да учествувате. Работете со нив и тие ќе ве насочат во вистинската насока. Пријавувајте се на студентски натпревари и раскажете за вашата идеја.

Верувајте во себе и својот тим

Ова не гарантира сигурен успех, но дефинитивно е елемент кој помага во постигнувањето стабилност и раст на претприемачко ниво. Бидете храбри, разговарајте, раскажувајте за вашата идеја и соработувајте. Многу набрзо ќе станете и вистински претприемач.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование