X
 10.11.2015 Образование

Студентите кои принудија декан да даде оставка

Студентите од Универзитетот во Мисури ги напуштија предавалните на факултетите во текот на вчерашниот ден по повеќе расистички настани кои се случиле на кампусот. Причината за револтот на студентите е непреземањето акција од страна на претседателот, односно деканот на универзитетот, Тимоти Волф. Ова довело до протести и барања за оставка. Деканот јавно ја даде својата оставка вчера, посакувајќи решавање на пролемите со расизмот.



Кои биле студентите кои го поттикнале на ова?

Студентот кој штрајкувал со глад

Студентот Џонатан Батлер го привлече вниманието кон проблемите на својот универзитет кога стапи во штрајк со глад за да добие оставка од деканот.





Фудбалскиот тим

Фудбалскиот тим на универзитетот протестираше со штрајк во текот на викендот. Тие не планирале да се вратат на тренинг сè додека нивниот колега Џонатан не престане со штрајкот со глад и на тој начин го поддржале во протестот.



Студентски групи

Фудбалскиот тим, како и Џонатан барале медиумско покривање, но протестите на универзитетот започнале со две студентски групи.



Овие групи први побарале преземање мерки против расизмот на кампусот, по што универзитетот понудил специјална обука за вработените. Активистите не биле задоволни и започнале протест на 10 октомври, барајќи оставка од деканот.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование