X
 30.06.2020 Образование

Истражување покажува дека онлајн-часовите треба да се одржуваат со најмногу 12 студенти

Едно истражување спроведено од двајца професори покажува дека на онлајн-часовите по додипломските предмети не треба да има повеќе од 12 студенти. Истражувањето било спроведено од Лоренс Томеи, професор по едукација на Универзитетот „Роберт Морис“, и Даглас Нелсон, професор на Универзитетот „Сетон Хил“.

Нивното истражување било објавено минатиот септември и е продолжение на студија од 2006. Тоа имало цел да го утврди максималниот број на студенти во различни видови часови: во предавална, онлајн и комбинација од двете. Професорите ја барале вистинската бројка за часовите за додипломски, постдипломски и докторски програми.



Фото: Pexels

Како што беше споменато, тие заклучиле дека онлајн-часовите на додипломските програми не треба да имаат повеќе од 12 студенти. Во предавалните групите треба да имаат најмногу 18 студенти, а во комбинацијата од онлајн и класични предавања границата е 17 студенти.

Кога станува збор за постдипломските студии, групите не треба да имаат над 14 студенти, а докторските програми треба да имаат девет или помалку студенти во една група.


Фото: Pexels

Томеи и Нелсон ги добиле броевите по анализа која траела повеќе од една година и вклучила повеќе факултети и студиски програми. Тие заклучуваат дека онлајн-часовите треба да се одржуваат со помали групи затоа што е потребно повеќе време и работа за да се предава онлајн и бидејќи е потешко да се оценуваат студентите.


Автор: Дерек Њутон
Извор: forbes.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование