Студентите од Филозофскиот факултет во Скопје преку герила-акција пред Владата, пред Филозофскиот факултет во Скопје и пред Ректоратот на УКИМ недвосмислено се изјаснија против таканаречените реформи во образованието. Студентите носеа транспаренти со пораките: „Историјата е мајка на знаењето“; „Јас не ја разбирам Мила“; „Цезар не е само салата“; „Не ја предаваме историјата“ и „Но пасаран“.