X
 05.08.2022 Економија

Постојат четири типа милионери, вели новинар кој разговарал со 225 богаташи

Новинарот Том Карли разговарал со дури 225 милионери за да открие кои се карактеристиките кои ги поврзуваат. Тој започнал со анализата во 2004 година. Врз основа на неговите разговори, тој заклучил дека постојат четири видови богати луѓе.

Првата категорија ги сочинува инвеститорите-штедачи кои секогаш штедат и инвестираат. За нив, Карли посочил дека постојано размислуваат како да го зголемат богатството.

Втората категорија е за оние работници кои направиле голем скок во хиерархијата на компанијата. Карли смета дека овие милионери трошат време и енергија за да дојдат до саканата позиција која е екстремно добро платена.


Фото: Freepik

Постојат и милиониери кои се виртуози, односно се меѓу најдобрите во она што го работат и затоа се многу добро платени. Обично, тоа се професии за кои е потребно високо образование, како право и медицина.

Конечно, визионерите се поединци кои настојуваат да ги реализираат своите соништа, како што е основање бизнис, станување успешен актер, музичар или продаван автор на книга. Како што навел Карли, банкарската сметка им овозможува на овие милионери да го работат тоа што го сакаат.

Која е најбројна категорија?

Според Карли, дури 88 отсто од милионерите со кои разговарал изјавиле дека штедењето е клучно за долгорочен финансиски успех. Според неговото истражување, на милионите им требало просечно 12-32 години за да соберат богатство од 3 до 7 милиони долари.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија