Познатиот и ценет британски психолог Пип Вилсон е експерт за пореметувања во однесувањето и развојот на емоционалната интелигенција. Тој стои зад неколку психолошки тестови кои се предвидени за деца и возрасни.
Тестот во продолжение помага во препознавање и зајакнување на емотивната состојна и насочување кон посакуваната состојба во општеството. Секој од човечињата на стеблото има различно расположение, а тие се на различна местоположба. Одберете едно кое најмногу личи на вам и второ какво би сакале да бидете.
Доколку сте одбрале некоја од позициите број 1, 3, 6 или 7, тоа ве карактеризира како мотивирана личност која не се плаши од пречки во животот.
Ако вашиот избор е на еден од броевите 2, 11, 12, 18 или 19, тоа значи дека сте комуникативна личност која секогаш им пружа поддршка на своите пријатели.
Изборот на човечето со број 4 ве дефинира како личност со стабилна животна положба, личност која сака да постигне многубројни успеси без тешкотии.
Број 5 - секогаш сте уморни, слаби, немате доволно животна сила.
Изборот на бројот 9 значи дека сте весела личност која сака забави.
Број 13 или 21 - вие сте затворени, често се изложени на грижи и одбегнувате комуникација со луѓе.
Број 8 - сакате да се повлекувате во себе, размислувате само за себе.
10 или 15 - имате нормална прилагоденост во животот, се наоѓате во оптимална состојба.
Број 14 - паѓате во емотивна пропаст, најверојатно сте изложени на внатрешна криза.
Местото број 20 го бираат луѓето со голема самодоверба. Вие сте природен лидер и сакате луѓето често да го слушаат само вашето мислење.
Сте го одбрале бројот 16? Се чувствувате помалку уморно од поддржување некого. Вас ве прегрнува број 17 - во овој случај сте склони да се процените како човек со внимание од околината.